Човечко тело, без знаци за живот пронајдено во реката Пчиња

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 10.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Катланово, под мостот, во непосредна близина на црквата „Св.Недела“, било забележано човечко тело во водите на реката Пчиња, без знаци на живот.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукација, стои во денешниот полициски билтен.