Чоколадни сникерс-коцки од само неколку состојки

За сите љубители на сникерс-вкусот и лесните десерти - овој рецепт ќе ве остави без зборови.

Состојки:

Една кутија орео-колачи
Една лажичка пециво
110 мл млеко
120 гр млечно чоколадо
Сецкани кикирики

Подготовка:

Издробете ги орео-колачите, додадете го пецивото, па млекото, додека да добиете леплива, но густа смеса. Во неа додавајте од кикириките. Количината определете ја според сопствениот вкус. Ставете во фрижидер неколку часа. Потоа исечете на коцки.

Прелијте со чоколадо и оставете да се стегнат колачите.