Чоколадни колачи полнети со путер од кикирики

Направете домашни чоколадни корпички полнети со путер од кикирики и џем по ваш избор. 

Состојки:

200 гр темно чоколадо
Две лажички кокосово масло
Путер од кикирики
Џем 

Подготовка:

Стопете ги чоколадото и кокосовото масло на пареа. Во силиконски калапи ставете дел од оваа смеса, за да креирате дно на колачето. 

Ставете да се стегнат во фрижидер. Во меѓувреме, ставете од путерот од кикирики, па малку џем и прелијте со остатокот од чоколадната смеса. 

Оставете да се стегнат. 

За следната подготовка сигурни сме дека ќе ја зголемите дозата.