Чоколадни колачи од само пет состојки

Само треба да измешате се во еден сад. Нема потреба ниту од печење, ниту од користење на слаткарска опрема. 

Состојки:

100 гр какао
60 гр путер од кикирики
30 мл стопено кокосово масло
90 мл мед
Малку крупна сол

Подготовка:

Во подлабок сад просејте го какаото низ цедалка, додадете го путерот од кикирики, стопеното кокосово масло, медот и солта. Промешајте со лажица додека состојките не се соединат во густа смеса.
Смесата распоредете врз хартија за печење. Врз неа ставете уште едно парче хартија за печење и со помош на сукало поминувајќи врз хартијата развлечете ја смесата со дебелина од околу еден сантиметар. Обликувајте ја смесата како квадрат или правоаголник.

Префрлете во тава за печење, па во замрзнувачот да се стегне околу 20 до 30 минути.
Пред послужување, исечете на квадрати и посипете ги со малку какао во прав со цел да спречите лепење.