Чоколадна торта: Не се пече, а потребни ви се само 4 состојки!

За само 20 минути ќе добиете совршена торта со нежен и посебен вкус, а што е најважно нема да морате да „поминете цел живот“ во подготовка на овој десерт. Обидете се нема да се покаете.

Состојки:

250 гр мелени плазма кекси

100 гр путер

400 гр Нутела или Еурокрем по желба

500 гр крем сир

Подготовка:

Соединете го путерот со 1 супена лажица Нутела и добро стопете ма водена пареа. Со оваа мешавина полијте ги мелените кекси. Ставете во фрижидер.

Помешајте го остатокот Нутела со крем сир со помош на миксер.

Добиената смеса исто така оставете ја во фрижидер. Извадете ја од фрижидерот вашата основа за торта. Ставете ја во калап. Добро порамнете ја користејќи чаша. Одозгора ставете ја смесата од крем сир и чоколаден крем, добро распоредувајќи ја по основата. Оставете ја тортата во фрижидер на 20-тина минути да се спои.

Рајскиот десерт е готов. Изгледа одлично а вкусот е навистина неверојатен.

Оваа торта ќе ве спаси ако ви се најават гости.

Добар апетит.