Чоколаден колач со путер

Едноставна подготовка, а најбогат чоколаден вкус. 

Состојки:

200 гр чоколадо за готвење
200 гр путер
5 јајца
Една лажица брашно
150 гр шеќер
Две лажички какао

Подготовка:

Во сад на оган го ставаме чоколадото и путерот да се стопат. Ги додаваме шеќерот и какаото, мешаме додека да се растопи.

Смесата ја оставаме да се излади. Откако ќе се излади во неа едно по едно ги додаваме јајцата. После секое додадено јајце мешаме додека смесата не се изедначи. Го додаваме и брашното.

Смесата ја ставаме во округли калап бр. 24 претходно намачкан со маргарин. Печиме на 180 степени 30 минути.

Откако ќе се излади ја посипуваме со шеќер во прав.