Чоколаден колач со лешници

Лесна подготовка и вкус кој никогаш нема да го заборавите. 

Состојки:

300 гр брашно
150 гр омекнат путер на собна температура
4 лажички шеќер и малку сол
Малку прашок за печиво
Една кесичка ванилин шеќер
Едно јајце
0,5 л млеко
2 кесички пудинг од чоколадо
70 гр црно чоколадо
7 лажички шеќер
80 гр путер
5 полни лажици сецкани лешници

Подготовка:

Промешајте ги брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, солта, шеќерот, путерот и јајцето и замесете тесто. Замотајте го во пластична фолија и оставете да отстои во фрижидер. За тоа време направете го филот. Искршете го чоколадото.

Загрејте го млекото и во него подгответе ги пудинзите заедно со шеќерот. Додадете го и кршеното чоколадо и постојано мешајте додека смесата не се згусне. Тргнете од оган. Потоа додајте го путерот, добро промешајте и оставете да се излади. Покријте ја смесата со проѕирна фолија, за да не фати кора на површината.

Лешниците исечкајте ги ситно. Тестото поделете го на два дела. Првиот дел растапкајте го на тава обложена со хартија за печење, па по него истурете го филот. Посипете ги лешниците, па внимателно ставете го вториот дел од тестото.

Печете на 180 степени околу 40 минути.