Чоколаден колач со брашно од бадеми

Со самото тоа што ја намалувате количината на белото брашно, добивате десерт кој ќе можете да го јадете без (премногу) грижа на совест додека сте на диета. 

Состојки:

170 гр темно чоколадо со висок процент на какао (најмалку 70%)
115 гр путер
2 лажички екстракт од рум
Прстофат сол
4 јајца
75 гр бадемово брашно
15 гр бело брашно

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°С. Стопете го чоколадото на пареа. Во истиот сад додадете го путерот, малку омекнат и исечкан на коцки.
Потоа додадете го румот и солта и измешајте со миксер или рачна маталка.

Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките одделно во посебен сад додека не добиете бел, пенест крем. Додавајте ги жолчките една по една во првичната смеса и добро матете.

Додадете го брашното од бадеми и обичното брашно и промешајте. На крајот додадете ги изматените белки и нежно измешајте ја смесата. Префрлете ја во кружен калап за торта којшто сте го намрсиле претходно со малку путер.

Печете во загреана рерна околу 35 минути, и прелијте го колачот со чоколаден прелив и омиленото овошје.