Четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.08.2020 година (понеделник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.