Во текот на вчерашниот ден полицијата апсеше за дрога низ Скопје.
На 13.02.2025 во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(36) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
На 13.02.2025 во 13.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 13.02.2025 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 13.02.2025 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.О.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок против сторителите.