Четири случаи на пронајдена марихуана кај скопјани за 24 часа

Полицијата регистрирала 4 случаи на пронајдена марихуана кај лица од Скопје, за 24 часа. 

Имено, на 25.11.2022, во 17.40 часот на подрачје на Карпош, Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е 25-годишник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

Вториот случај е регистриран на подрачјето на Гази Баба, кога кај 23-годишник од Скопје била пронајдена марихуана и дробилка. Лицето било лишено од слобода на 25.11.2022 во 22.20 часот. 

На подрачјето на Кисела Вода, пак, е регистриран третиот случај, исто така на 25.11.2022, во 22.45 часот. Кај 32-годишно лице од Скопје, била пронајдена марихуана. 

Ноќта потоа, веќе на 26.11.2022, во 02.30 часот, на подрачјето на Гази Баба, лишен од слобода е 36-годишен скопјанец, бидејќи и кај него била пронајдена марихуана. 

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.