Четири природни билки за намалување на анксиозноста

Стресот и анксиозноста се сè почести меѓу луѓето.

Според Светската здравствена организација, дури 264 милиони луѓе низ светот страдаат од дијаностицирани заболувања поврзани со анксиозноста. За жал, овие бројки само дополнително се зголемуваат за време на пандемијата и војната во Украина. 

Анксиозноста е поврзана со многу различни аспекти, а пред сè начинот на живот, но треба да се земат предвид и биохемиските фактори. Според докторите, таа може да се поврзе и со недостатокот на магнезиум, цинк и железо. 

Магнезиумот преставува минерал кој игра важна улога во околу 300 процеси во нашето тело. За жал, недостатокот од магнезиум е чест кај луѓето, особено кај постарата популација. Нивоата не магнезиум се директно поврзани со нивоата на стрес. Затоа и тој често се препорачува за релаксација бидејќи помага при релаксација на мускулите. Стресот дополнително влијае на потребта од магнезиум. 

Цинкот е витален минерал кој игра важна улога во многу процеси во нашето тело, вклучувајќи ја и имунолошката функција. Исто како и магнезиумот, тој често се јавува како недостаток меѓу луѓето. Некои податоци покажуваат дека дури половина од светската популација се соочува со ризик од недостаток на овој нутриент. Така, ниското ниво на цинк во нашето тело е поврзан со депресијата и анксиозноста. 

Железото е клучен минерал за продукција на енергија во телото. Хемоглобинот кој е протеин кој содржи железо има улога да го пренесе кислородот кон клетките со цел да се создаде енергија. Кога постои недостаток, симптомите на ниска енергија и депресија се чести. 

Ова се билките кои се најкорисни за борба против анксиозноста:

Валеријана

Коренот од валеријана нема баш најпријатен мирис, но е одличен за намалување на анксиозноста и подобрување на сонот. Таа се препорачува во комбинација со лековите за смирување, особено кај оние пациенти кои страдаат од долготрајна анксиозност и депресија, но чајот од валеријана се препорачува за сите оние кои се соочуваат со стрес во нивното секојдневие.

Гинко

Гинкото е дрво од Азија чиј плод најчесто се користи за подобрување на меморијата, но многу истражувања ги дополнуваат и придобивките за намалување на анксиозноста. Кај повозрасните пациенти, тоа делува корисно при когнитивните функции. 

Ашваганда

Ашвагандата е дел од ајурведската медицина. Таа се смета за тоник за подобрување на виталноста, но е одлична и за подобрување на некои состојби поврзани со менталното здравје. Таа придонесува за намалување на хормонот на стресот и придонесува за значајно намалување на нервозата. 

Часовниче

Ова е билка која има долга историја на безбедна употреба, кога станува збор за стресот и анксиозноста. Постојат многу истражувања кои го потврдуваат тоа, каде се докажува и дека оваа билка е корисна исто како и лековите.