Четири повредени лица во сообраќајка помеѓу „голф“ и “венто“

Четири лица се повредени откако денес во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Куманово помеѓу „фолксваген голф“ со скопски таблички управувано од М.Б.(20) од с.Орланци и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(22) од с.Арачиново, скопско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б., а со телесни повреди се здобиле неговиот малолетен сопатник, возачот А.М. и неговиот сопатник Ф.Б.(30) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.