Четири одлични совети за исфрлање на отровниот стрес

Да претпоставиме дека сте имале долг ден и се чувствувате исцрпено и чувствувате дека немате енергија. Подготвени сте да се ослободите од стресот и да уживате во времето посветено на себеси. Имате едноставен избор: да го вклучите лаптопот или телевизорот, што ќе ви ја продолжи физичката неактивност после долг ден седење, а и сосема е возможно да ви го наруши сонот, затоа што веќе знаеме дека електронските уреди не се најдобар избор доколку сакате да одморите. Вториот избор е да изберете уникатна активност за грижа за себеси и да бидете доволно присутни за да постигнете мир, опуштање и подмладување. Еве неколку интересни идеи и совети кои ќе ви помогнат да се опуштите и да го исфрлите стресот од телото.

Четири моќни и делотворни совети за опуштање:

  1. Легнете на кревет, потпрете се на удобни перници и покријте се со ќебе. Изгаснете ги светлата и вклучете некои звучници за да можете да слушате музика за медитација или едноставно пуштете некоја музика која знаете со сигурност дека ќе ве опушти. 

  2. Искапете се со смирувачка купка и оставете го телефонот во друга соба, а воедно исклучете го звукот. Можете и сами да направите некоја купка за капење, а тоа можеби плус да придонесе кон будење на вашата креативна страна и опуштање на нервите.

  3. Направете една табла и закачете ја во вашата соба. На таа табла закачувајте фотографии од места кои би сакале да ги посетите, листа со желби, убави мисли и цитати, потсетници. Оваа активност е одлична за кога чувствувате недостаток на инспирација и замор од секојдневието, ќе ве поттикне да сонувате. 

  4. Отидете во библиотека и земете неколку книги за читање. Или купете нови книги. Направете си кафе или чај, удобно сместете се на каучот и уживајте во световите кои книгите ги создаваат.