Четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Владата на итна седница донела одлука за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, главното жариште на коронавирус во земјава.

Заострувањето на мерките за тој регион доаѓа откако денеска уште четворица жители на Дебар биле позитивни на тестот за коронавирус. Со тоа бројот на регистрирани случаи во земјава се искачи на 13, од кои 11 се од тој крај.

Кризната состојба би значела забрана за влез и излез од подрачјето опфатено со мерките преку блокирање и контрола на приодите од страна на полицијата.

Извор: 360 степени