Четири напаѓачи тепале едно лице во Градски парк

На 26.09.2021 во 01.30 часот во СВР Скопје, Д.Џ.(33) од н.Илинден во Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во Градски парк, по претходна расправија, бил физички нападнат од четири лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.