Четири најважни животни лекции за чувствителни души

Прифатете ги, но и контролирајте ги своите чувства

Чувствителните и емотивни луѓе би требало да ја прифатат својата емотивност. Важно е да го сторите тоа. Кога подобро ќе размислите, имате многу среќа што сте такви – суштината на животот е да ги почувствувате и да уживате во сите чувства во животот, но од друга страна, морате да ги контролирате своите чувства. Без оглед на тоа кои емоции преовладуваат, морате да имате јасна слика за својот живот и да го почитувате својот живот и постоење. Морате да продолжите да живеете. Не дозволувајте вашите чувства да ве контролираат вас. Запомнете. Вие ги држите конците на животот во вашите раце. 

Заштитете се

Добро е да се биде чувствителна личност, но чувствителните луѓе често лошо ги кријат своите чувства, поради што често се жртви на манипулација. Уживајте во своите чувства, но научете како да се заштитите од лоши луѓе.

Фокусирајте се она што е навистина важно

Еден од потенцијалните проблеми на емотивните луѓе е што се трошат на неважни работи и се препуштаат и на најмалата емоција. Убаво е што имате чувства, но имајте јасна слика за она што е навистина важно, немојте од стеблото да не ја гледате целата шума.

Тоа што сте чувствителна личност не значи дека сте слаби

Популарната култура за чувствителните луѓе донекаде ја создаде сликата за нив дека се слаби. Тоа не е вистина. Потребно е многу сила и храброст за човек да ги покаже чувствата. Не се плашите од чувствата, бидете храбри!