Четири лица повредени во сообраќајка

Две возила се судриле на крстосница. Притоа и возачите и сопатниците се повредени и пренесени во болница.

На 25.01.2022 во 15.30 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Марко Крале“, „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(55) од Скопје и патничко возило „опел“, сопственост на МВР, управувано од Р.А.(27) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од двете возила А.С.(67) и В.Г.(36), двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.