- На 30.10.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од село Биџево кон село Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.