Четири лица, од кои едниот со нож, нападнале маж во Кондово

Четири лица нападнале маж среде бел ден во угостителски објект во скопско Кондово. 

- На 21.07.2024 во 12.12 часот во СВР Скопје, М.А.(34) од село Кондово, скопско, пријавил дека околу 12.10 часот во угостителски објект во с.Кондово бил физички нападнат од И.Х., Г.Х., А.Х. и Џ.Х., при што Г.Х. носел нож, но не го употребил, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.