Четворица граѓани пријавиле каснување од куче во полициските станици низ Скопје
Најновиот слуќај е од денеска во 00.40 часот после полноќ каде во Полициската станица Аеродром С.Ш.(57) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Вчера во 12.40 часот во Полициската станица Аеродром В.Д.(59) од Скопје пријавила дека на бул.„Србија“ во Скопје била касната од куче скитник.
Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште две каснувања едиот случај се случил во 13.30 часот во Полициската станица Карпош С.Н.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Шекспирова“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Додека вториот случај е во 17.00 часот во Полициската станица Бит Пазар каде Т.К.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.