Четири куфери и желба за подобра егзистенција - Зошто се соочуваме со иселување и одлив на мозоци?

Поразителни податоци - околу 700.000 Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од земјава во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ.

Граѓаните, оние кои останаа, особено во помалите градови, сведочат дека секој трет познаник им се иселува заедно со семејството. Подобра егзистенција и поквалитетен живот бараат во Германија, Италија, Швајцарија, Шведска, Малта...

-Од одделението на син ми кој е шесто одделение, изминативе пет година се иселија вкупно 6 деца заедно со семејствата. Имам соседи кои заминаа во Германија. Факт е дека заминуваат масовно, вели една велешанка.

Ги прашавме нашите читатели зошто ни се случува масовна миграција и „одлив на мозоци“:

-Го пакуваат целиот свој досегашен живот во 4 куфери, средуваат документи и заминуваат. Во право се, таму ќе работат за достоинствена плата, децата ќе им шетаат низ чисти паркови, нема да има врски за на лекар, училиште, градинка...

-Зошто си одат? Затоа што се ни функционира во оваа држава! Има ли некој начин да ги запре, не нема потреба. Одат за подобар живот и живот за нивните деца. Со среќа на сите. Вистинито и за жал неизбежно. Не само младите што се иселуваат туку многу често по нив и кај нив заминуваат и возрасните, да бидат покрај нив, да ги чуваат внуците, да имаат достоинствено исполнета старост.

-Па ние, како што тргнало и гробишта ќе немаме! Станавме земја на апатија, очај и безнадежност, земја на авет...Приказната е завршена, Бог нека ни е напомош, ако и тој веќе не дигнал раце од нас.

-Ако продолжи оваа анархија и пензионерите ќе бегаат!

-Си заминаа најпаметните и најписмените ... не само млади туку и постарите им се досадиа исти та исти политичарчиња што ти солат памет, а во хаос сме... Ништо не функционира....најбогатите и најпаметните луѓе ни заминаа...остана неписмен кадар што во странство не ги бива. Како што иде времето повеќе ќе има кучиња скитници од луѓе....

-Од системот, од криминалните влади, од партиските книшки, од тоа заминуваат.