„Чекори што не згаснуваат“ - концерт посветен на ликот и делото на Симеон Чулев во МНТ

Велат дека игроорците не заминуваат засекогаш – тие само го менуваат ритамот. Под насловот „Чекори што не згаснуваат“, ќе се одржи концерт посветен на ликот и делото на Симеон Чулев, сподели денеска Министерството за култура и туризам преку социјалните мрежи.

Концертот ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Македонскиот народен театар.

Преку музика, ора и сценски израз, ќе биде оддадена почит кон придонесот и трајното наследство што Симеон Чулев го остави во македонската традиционална уметност.

„Чекори што не згаснуваат“ е вечер посветена на духот што останува, дури и кога сцената ќе замолкне, се вели во објавата на Министерството.