Чекајте ја љубовта која е помоќна од сите други чувства во животот

Љубовта не е линеарна и таа не доаѓа кога ние ќе го посакаме тоа. Најубавата љубов не е на Фејсбук, не е на Инстаграм и не е гласна и љубоморна. 

Таа доаѓа тивко, се прикрадува во нашето срце и нè освојува полека. Покрај таа личност, не ни се тресат колената, не се плашиме што ќе кажеме, не се грижиме како ќе бидеме сфатени. Едноставно, знаеме дека сме прифатени онакви какви што сме.

Вистинската, најубавата љубов не бара од нас да се менуваме. Таа зема и дава, таа е тука и во најголемите бури. Таа е емоционална, силна, но и тивка и искрена. Таа постои за да ни даде насмевка на лицето, а не болка во срцето.

Чекајте ја оваа љубов, бидејќи постои. Некои луѓе ја доживуваат еднаш или два пати во животот, но тие ќе се согласат дека ги смирува, ги подобрува, не ги мачи. 

Верувајте си на себеси и на универзумот. Ветете си себеси дека си верувате дека најдоброто е пред вас и дека некогаш е потребно време за тоа. 

Ова е љубов која ќе ви ја смири душата, која ќе ви донесе убави предизвици и за која ќе се борите со сето свое срце. Ова е љубовта која нема да сакате да ја изгубите. 

Таа е ретка, но постои и доаѓа во нашите животи.