Чех натепан од газда на локал во Центар - неговата пријателка Индијка приведена поради кршење чаши

Синоќа околу 23:00 часот во СВР Скопје, Ф.В.(34) од Чешка пријавил дека во угостителски објект на подрачјето на Центар, во кој бил заедно со 28-годишната П.А. од Индија, со престој во Чешка, бил физички нападнат од едно лице. 

Како што се наведува во полицискиот билтен, се претпоставува дека лицето кое ги нападнало бил сопственик на објектот.

Потоа П.А. искршила неколку чаши, по што била приведена во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

*Фотографијата ја подготви Скопје Инфо со помош на ВИ