Во природната медицина билките заземаат значајно место а рузмаринот е една од најздравите од нив.
Рузмаринот го подобрува варењето, позитивно влијае на концентрацијата и фокусот, а го намалува и оксидативниот стрес со што го спречува стареењето. Оваа билка може да се користи на многу начини, а една од нив е и чајот.
Тој е особено корисен за варењето,чистењето од токсините и здравиот црн дроб. Кога редовно се конзумира, тој го намалува и ризикот од воспаленија и е одличен за детоксикација. Тој влијае одлично на цревната микрофлора, што придонесува за намалување на подуеноста и грчевите, а помага и за намалување на шеќерот во крвта. Одличен извор на витамини А, Ц, каротеноиди, калиум, калциум, магнезиум и фосфор.
Како да го подготвите?
1 кафена лажица сув рузмарин прелијте го со 200 мл провриена вода. Оставете да отстои околу 15 минути, а потоа процедете и пијте го бавно. Се препорачува една до две шолји на ден.