Чај од најубавиот зачин кој ќе ви помогне во намалување на холестеролот и килограмите

Циметот е најубавиот зачин кој особено го обожаваме во текот на зимата.

Photo by Julia Topp on Unsplash

Тој е одличен за здравјето на целиот организам, бидејќи е богат со антиоксиданти кои носат многу придобивки за нашето здравје.

Го намалува нивото на шеќер во крвта

Циметот има ефекти како инсулин, па затоа е корисен за луѓето кои имаат дијабетес, секако во консултација со нивниот лекар.

Го регулира лошиот холестерол

Истражувања покажуваат дека редовното пиење чај од цимет може да придонесе за намалување на холестеролот во крвта, што го штити и нашето срце.

Намалување на килограмите

Циметот помага за намалување на телесната тежина создавајќи чувство на ситост и ја намалува желбата за храна. Исто така, тој придонесува и за забрзување на метаболизмот и помага во согорување на калориите.

Помага во намалување на болката во стомакот

Состојките кои се познати како катехини придонесуваат за ублажување на тегобите во стомакот и решавање на проблемите како дијареа, грчеви во стомакот, лошо варење и тн.

Борба против вируси и бактерии

Циметот има антибактериски и антивирусни својства кои помагаат во спречување на растот на бактериите, борбата против вирусите и различните инфекции. Токму поради тоа, тој е одличен за овој период кога владеат настинки и грип.

Подготовка на на чајот од цимет

Ставете тенџере со вода на оган и оставете ја водата да проврие. Потоа додадете 2 стапчиња цимет и продолжете да варите уште 10-15 минути. Тргнете ги стапчињата цимет, а процедете го чајот добро. Послужете го топол, а за добар вкус можете да додадете и малку мед.