Чај од магдонос - природен еликсир и чувар од многу болести

Во традиционалната медицина, чајот од магдонос се препорачува кај артритис, гихт, бубрежни проблеми, прочистување на мочните канали, лечење гастритис, па дури и намалување на килограмите.

Магдоносот е одамна познат како еликсир на виталноста. Тој е еден од најдобрите природни лекови кој нуди мноштво витамини и минерали. Богат е со витамин А, Ц и Е кои придонесуваат за зачувување на видот, ја прават косата и кожата поубава, го подобруваат помнењето и го јакнат имунитетот. Тој е богат и со бакар и така особено корисен за здравјето на забите и коските. Останатите минерали кои ги содржи се железо, калциум, калиум, магнезиум и манган. 

На прво место, магдоносот е познат како билка која поттикнува исфрлање на течностите од организмот, така што е многу корисна за здравјето на бубрезите. Коренот на магдоносот делува како диуретик па се употребува за лечење на многу болести кои се поврзани со наталожувањето течности во нашето тело.

Оваа билка е корисна и за лечење на инфекциите на мочните патишта, како и по операцијата на простата. Често е важен дел од составот на чаевите за лечење на жолчката, како и други проблеми поврзани со црниот дроб

Освен тоа, чајот од магдонос се користи и за следните состојби:

  • Помага за елиминирање на лошиот здив
  • Се препорачува за лечење анемија
  • Ги ублажува менструалните болки и грчеви, а корисен е и за нередовните менструации
  • Го намалува нивото на лошиот холестерол
  • Се користи за намалување на крвниот притисок
  • Помага во лечење артритис
  • Делува како антиоксидант во нашето тело
  • Помага во опоравување по породувањето

Чајот од магдонос се пие со паузи. Можете да го пиете во текот на денот и тоа цела недела, а потоа да направите пауза. Се препорачува последната шолја од овој чај да биде 5 часа пред спиењето. 

Притоа внимавајте – овој чај предизвикува често мокрење што може да доведе до губење електролити, витамини и минерали.