Чај од кантарион за главоболка и блага депресија

Чајот од кантарион е одличен лек против главоболка која е предизвикана од стрес. 

Кантарионот е исто така и одобрен лек кој се препорачува кај анксиозност, стрес и блага депресија. Неговата употреба датира уште од времето на античките Грци и Хипократ кој прв ја забележал неговата медицинска употреба. 

Кантарионот или познат кај нас и како засеклива трева ги има следните состојки:

  • Има антибактериско и противосталително дејство па помага кај рани и изгореници
  • Се употребува за проблеми поврзани со варењето, желудникот како и стомачен вирус
  • Етеричното масло од кантарион ги намалува желудочните тегоби и проблемите поврзани со чир на желудникот

Освен тоа, тој е најпознат и како средство за блага депресија, промени во расположението и главоболки кои се поврзани со стресот. Ефикасен е и многу подобро решение од некои анти-депресиви, особено кога не станува збор за сериозна состојба. Се употребува во облик на чај, капки, капсули и таблети. 

Доколку сакате да подготвите чај, доволна ви е мала лажица исушени цветови и листови од оваа билка кои треба да ги прелиете со 250 мл вода. Потоа оставете го чајот поклопен да отстои околу 10 минути  а потоа пијте полека. Се препорачува да се пие два пати дневно, наутро и навечер.