Чајот од босилек првенствено се користи за ублажување на инфекциите и воспалителните процеси во организмот.
Оваа моќна била содржи минерални соли, билни влакна, етерични масла, но и витамини А, К, Ц и Б6, како и минералите магнезиум, манган, калиум и железо.
Поради тоа, тој има многу лековити дејства за нашето тело, од кои најважни се:
Намалување на болката во телото и мускулите
Превенција на болестите поврзани со органите за варење
Подобрено варење и работа на цревата
Помага против несоница, хроничен замор и главоболки, а го подобрува и расположението
Ја подобрува кожата, а помага и кај кожните болести
Намалување на симптомите од грип, бронхитис, астма и КОВИД
Ја смирува кашлицата
Чајот од босилек ја смирува кашлицата и е одличен кај дишните патишта. Многу нутриционисти го препорачуваат и за затнат нос и синуси, без оглед на тоа дали станува збор за алергиски реакции или воспалителни процеси.