Чаир доби 100 нови контејнери

Општина Чаир вчера соопшти дека започнале со поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир.

Истовремено, како што велат од Општина Чаир, продолжуваат и со проширување на мрежата на подземни контејнери.

„Досега се поставени 15 подземни контејнери, а по обезбедувањето средства преку Програмата за урбан развој, активностите ќе продолжат и на нови локации на територијата на општината“, додаваат од таму.

Порачаа дека ова е инвестиција во почист, поуреден и пофункционален Чаир за сите граѓани.