
Централниот парк во Ѓорче Петров со нов сјај!
Како што информираа од локалната самоуправа обновени се 70 клупи - со нови даски и целосно бојадисани рамки.
- Денес при обиколката низ паркот се сретнавме со многу насмеани лица и задоволни сограѓани – најголемата потврда дека заедно го правиме Ѓорче поубаво место за живеење. Парковската зона е сега попријатна, поуредена и потопла за одмор и рекреација на сите наши жители. Пред нас е период полн со настани токму тука, во срцето на нашиот парк. Првиот веќе во петок, на 22 август - летното кино во Централниот парк, најави градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски.