Центарци добија нов бесплатен паркинг

Монтажната катна гаража зад ТЦ „Буњаковец“ е готова и од неодамна таму веќе почнаа да се паркираат возила. Засега бесплатно, бидејќи гаражата се' уште официјално не е пуштена во употреба. Се очекува за десетина дена објектот да биде комплетно завршен. Паркирањето ќе биде бесплатно за жителите на Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ.


Општината е инвеститор на објектот, а нејзиното претпријатие за јавни паркинзи ќе стопанисува со гаражата. Таа е со капацитет за 104 возила и е речиси идентична со онаа во Капиштец. Изградена е од еколошки материјали од италијанско потекло. Станува збор за челична поцинкувна конструкција, составена од модули.

Општинарите размислуваат да постават монтажна гаража и на паркингот кај Градежен факултет за што допрва треба да разговараат со управата на факултетот. Во случајов се размислува за опција за монтажен паркинг со јавно приватно партнерство.