Центар, Студеничани и Кисела Вода денеска без струја, вода ќе нема во делови од Сарај и Бутел

Од ЕВН Македонија АД известувaaт дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од ул. Студеничанска од каналот кон Студеничани, како и корисниците лоцирани околу Вајота. (општина Студеничани)

- во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Румена Хаџи Панзова од бр.1 до бр.19 – непарни броеви. (општина Кисела Вода)

- во периодот од 12.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. 11 - ти Октомври на потегот од Црвен Крст до Билна Аптека, дел од корисниците од бул. Кочо Рацин, како и објектите на ЖТП Кула и ОУ Димитар Миладинов. (општина Центар) 

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда), во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од селата Копаница и Буковиќ. (Општина Сарај).

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување на зафати за реконструкција на резервоарот во село Копаница.

Поради реконструкција на водоводна мрежа од ф - 100 мм на раскрсница меѓу улиците Бутелска и Марко Крале, во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата утре без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Марко Крале. (општина Бутел)