Цената на златото на историски највисоко ниво - еве колку чини унца!

Цената на златото достигна историски максимум, поттикната од зголемената глобална неизвесност, геополитичките тензии и очекувањата за пониски каматни стапки. Таа достигна рекордни 4.620 долари за унца.

Инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како „сигурно засолниште“, што ја зголемува побарувачката и го турка ценовниот рекорд нагоре.

Дополнителен притисок врз растот создаваат и ослабувањето на доларот, зголемените купувања од централните банки, како и интересот од индивидуалните инвеститори кои се заштитуваат од инфлација и пазарна волатилност.

Аналитичарите оценуваат дека, доколку неизвесноста продолжи, златото може да остане на високи нивоа и во наредниот период.