Целосно реконструирани и асфалтирани неколку улици во Општина Петровец

Општина Петровец изврши целосна реконструкција и асфалтирање на две локални улици во населено место Ржаничино, краци на ул.1 (К.П.888 и К.П.562/2, 562/8 и 562/12, К.О. Ржаничино ) во вкупна должина од 251 м. и вкупна вредност од 1.961.258,00 денари, информираа од Општината.

-Воедно, во населено место Ќолија целосно е реконструирана локалната улица која се наоѓа на К.П. 1367/3, К.О. Ќојлија во должина од 230 метри и вредност од 1.669.868,00 денари. Финансиските средства за реконструкција на гореспоменатите локални улици во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Во завршна фаза е асфалтирање на уште две улици во населено место Петровец. Градежните работи поврзани со инфраструктурата ќе продолжат и во периодот кој следи, додека временските услови го дозволуваат тоа - се наведува во соопштението на Општината.