Целосно реконструирани две улици во Радишани, на првиот крак на улицата „Боро Менков“ поставен е и завршен слој на асфалт

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски утрово информираше дека интезивно се работи на улиците во општината.

„Целосно реконструирани се две улици во населба Радишани, а на првиот крак на улицата Боро Менков поставен е и завршен слој на асфалт“, истакна Костовски во објава на Фејсбук.

Тој најави дека наскоро ќе продолжат со реконструкција и асфалтирње и на останатите улици кои се опфатени со градежната офанзива.

„Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Продолжуваме и во останатите населени места кои што се опфатени со големата градежна офанзива. Асфалтираме и реконструираме 70 улици и вложуваме 150.000.000 денари“, посочи градоначалникот.