Целосно реконструирана улицата „48“ во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски утрово информираше дека реализирале уште едно ветување кон граѓаните - целосно ја реконструирале улицата „48“.

„Целосно ја реконструиравме улицата 48 на потегот кај новиот потпорен ѕид на улица 50. Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел на улица 48 која беше небезбедна за движење на граѓаните“, истакна Костовски во објава на Фејсбук.

Тој посочи дека предходно со изградба и на потпорениот ѕид се обезбедила дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето.

„Овој проект беше едно од најголемите барања на граѓаните од ова населено место кое се реализара“, додаде градоначалникот.