Целосно асфалтирана улица „14“ во населеното место Петровец

Градоначалникот на Општина Петровец  ја посети Бошњачка населба, каде што официјално се пушти во употреба ул. „14,“ со двата нејзини крака кои се целосно асфалтирани.

Вкупната должина на асфалтираните улици изнесува 510 метри. На средбата со жителите од овој дел од населеното место Петровец присуствуваа и пратеничката во Собранието на Република Македонија Марија Петрушевска, советникот од Советот на Општина Петровец Шеќо Личина како и други гости.

На градоначалникот Борче Митевски му беше доделена благодарница за целосно и успешно завршената работа на ул.„14“.