
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека со одлична динамика напредува целосната реконструкција на улицата „Боро Менков“ во Скопје-Север.
„Она што го ветив се остварува. Дадениот збор се реализира. Со одлична динамика напредува реконструкцијата главната улица во Скопје Север. Целосно ќе се реконструира улицата Боро Менков, ќе се реконструираат паркиннзите како и пешачките патеки“, истакна Костовски во својата објава на Фејсбук.
Додаде и дека дополнително ќе се обезбедат нови паркинг места.
Нагласи дека овој проект е во вредност од 27.000.000 денари.