
Целата територија на Македонија денес се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради обилни врнежи од дожд и засилен ветер, кој повремено и локално може да достигне брзина од над 70 километри на час.
Според информациите од метеоролозите, ваквите временски услови повторно го зголемуваат ризикот од појава на поплави и излевање на реки, особено во западните и северозападните делови од земјата.
Во овие региони локално се очекуваат врнежи од над 30 литри на метар квадратен во период од 24 часа, што може да доведе до покачување на водостоите и проблеми на терен. Надлежните апелираат на внимателност, особено во подрачјата покрај речните корита и на места каде и претходно имало излевања.