
Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри.
Според прогнозата на УХМР, локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник.
Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.
Тука можете да ја видете деталната временска прогноза до среда (14.01.2026).