Цела Европа под топлотен бран, високите температури продолжуваат и следниот период

Иако август важи за многу топол месец, очекувањата се дека неподносливите температури ќе продолжат и во следниот период.

Се работи за топлотен бран, односно „топлотна купола“ над Еврома, а Балканот го чувствува ова силно влијание. 

Најинтензивен топлотен бран годинава ја погоди југоисточна Европа, со највисоки температури од 42 до 45 степени Целзиусови забележани на подрачјето на јужна Италија, Грција до западна Турција во последните неколку денови, пишува  Severe Weather.

Највисоки температури, повисоки од просекот од изминатите години, се забележани во Турција, Грција и Италија, но и нивните соседни земји, меѓу кои е и Македонија. 

Топлотната купола е израз кој се користи кога подрачје на висок воздуен притисок ќе се надвие над голем дел од континент и таму ќе остане со денови или дури недели. Делува како поклопец на лонец, задржувајќи топлотна маса под него. Тоа често се смета за причина за смртоносните топлотни бранови ширум светот.