Цел свет на привилегии со само еден едноставен избор

Вашите пари се вашата лична финансиска слобода. Секоја банка што ја цени вашата слобода и ве прави безгрижни во однос на вашите лични финансии, ја заслужува вашата доверба.

Ако се замисливте што поточно значи финансиската слобода, многу едноставно може да дојдете до потребните одговори. Слободата ви ја носат лесните и достапни банкарски трансакции и широкиот избор на производи, услуги, поволности и привилегии што ви ги нуди банката. Вратата за влез во неограничените финансиски можности е вашата трансакциска сметка, која ќе ви користи не само за редовен прилив на вашата плата, туку и за искористување низа финансиски производи и услуги според вашите желби и потреби.

Комерцијална банка нуди бесплатно отворање трансакциска сметка и дебитна картичка со бесплатна членарина за приматели на плата, при што овозможува лесно и брзо онлајн аплицирање за овие услуги. Активирањето на трансакциската сметка и потпишувањето на документацијата се прави при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура за комуникација.

Со вашата плата преку Комерцијална банка располагате кога сакате и како сакате бидејќи дебитната картичка е извонредно практична за брзо и безбедно плаќање без провизија во продавница или онлајн плаќање со 3DES Secure највисоко ниво на безбедност, а ви овозможува и бесплатно да подигате готовина на широката мрежа од 171 банкомат на Банката низ целата држава. Освен за подигнување готовина дел од банкоматите можe да се користат и за уплата на готовина - cash in, услуги кои ви се достапни достапни 24/7. Можете да одберете помеѓу Mastercard и Visa дебитна картичка, а доколку имате Android смартфон можете и да ја користите бесплатната апликација KomPay за да ја дигитализирате Mastercard картичката и да плаќате со телефонот наместо со физичката картичка.

Многу е важно да си ги обезбедите и другите привилегии што ви ги нуди Банката, како што се бесплатно користење мБанка и Интернет банка, бесплатно аплицирање за дозволен минус на трансакциска сметка до 2 плати, бесплатно отворање траен налог. Но, можеби уште поважно за вашата финансиска слобода е што како клиент кој својата плата ја прима преку сметка во Комерцијална банка ќе добиете најповолни услови кога ќе имате потреба од кредитна поддршка за остварување на вашите планови. Банката нуди широк избор на наменски и ненаменски кредити, ќе ви помогне да го изберете кредитот што вам најмногу ви одговара и ќе ви овозможи да ги оставите грижите зад себе преку обезбедување на кредитот со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на групацијата Триглав.

Изборот на можности и привилегии е огромен. Уживајте во финансиските придобивки што ги добивате со само една едноставна одлука!