Царска пита од бело брашно

Пита која во себе содржи зеленчук, сирење, шунка, а можете и вие да експериментирате со додатоци по желба. 

Состојки:

200 гр меко сирење
200 гр шунка
200 гр црвени пиперки
200 гр корнишони
3 јајца
3 мали шолји кисела вода
2 шолји масло
5 шолји брашно тип 400
1 прашок за печиво
сол по потреба

Подготовка:

На ситни коцки исецкајте го сирењето, шунката, пиперките и корнишоните. Разматете ги јајцата и во нив додајте го маслото за јадење, киселата вода и брашното измешано со прашокот за печиво. Доколку сирењето е солено, не морате да додавате дополнително сол.

Во смесата со лажица измешајте ги сите исечкани состојки, а потоа истурете ја во плех обложен со хартија за печење.

Загрејте ја рерната на 250 Целзиусови степени. Кога ќе ставите да се пече, намалете на 200 Целзиусови степени и печете околу половина час.

Ако додавате други состојки (сецкан морков, јатки, кашкавал, маслинки, печурки или други видови сирење), скратете од додатоците соодветно на количината или пак зголемете ја дозата на состојките за тесто.