Бурек во центарот на Скопје 85 денари, во Стара чаршија 50 денари

Од растот на цените на, народски кажано „сѐ живо и диво“, исклучок не е ниту бурекот.

Ако претходно осмина од овој специјалитет можевте да купите за 15 денари, а четврт за 30 денари денеска за истата таа осмина ќе мора да платите 40-50 денари, за четрврт дупло.

Но, како што убаво забележал еден граѓанин, цените варираат и зависно од локациите.

-Бурек со месо во околина на Центар - 80, 85 денари. Ѓеврек низ Центар - 25 денари. Бурек со месо во Стара чаршија (на 10 минути од Центар) - 50 денари. Притоа многу вкусен. Ѓеврек во Стара чаршија - 15 денари, констатира тој во својата објава на фејсбук.

Многумина се согласија со неговата забелешка.

-Да, бурекот и ѓеврекот имаат поинаков вкус купени на Бит Пазар. Вкусот им е поавтентичен, традиционален. До рецептот е!

Но, можеби кратат на грамажа?

-Последен пат кога јадев во чаршија (во Стар Град мислам) бурекот беше 20тина денари поевтин од центар, ама и едно 50% полесен.

-Можеби бурекџилниците во чаршија се регистрирани како занаетчии па се ослободени од оданочување и фискални...