
На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „Твитерот на Ана Франк“ денеска реагираше за состојбата со хигиената на кејот во центарот на Скопје.
Во објавата, оваа „твитерџика“ вели дека секоја можна клупа и канта биле мини депонии на отворено.
„Не знам дали сте прошетале по кеј и околу центар ама ситуацијата е алармантна“, вели таа во објавата, додавајќи дека уште не ѝ било јасно како ова не било најбитна тема во државата и како никој ништо не преземал.
Во прилог на нејзината објава, таа сподели и неколку фотографии.
Не знам дали сте прошетале по кеј и околу центар ама ситуацијата е алармантна
Уште не ми е јасно како ова не е најбитна тема во државава и како никој ништо не презема
Жалосно што му правите на градот
Буквално секоја можна клупа и канта е мини депонија на отворено@CityofSkopje pic.twitter.com/OmqFiGDfGm— ТвитеротНаАнаФранк (@box_kiki) June 11, 2026