Брзо и вкусно: Посни бомбици од лешници

Неверојатно вкусен десерт што брзо и едноставно се подготвува.


Сосотојки:

100 гр мелени лешници

100 гр мелени бисквити

80 гр шеќер во прав

1 лажичка рум

1 ванила

1 лажица маргарин

Исцеден сок од еден портокал

200 гр рендано чоколадо

Подготовка:

Од сите состојки замешајте средно меко смеса и формирајте топчиња.Топчињата украсете ги по желба со чоколадни мрвици, мелени лешници или кокос