Брзи тестови за домашна употреба од германскиот производител NanoRepro

Брзиот начин на живот условува и брзо откривање, за уште побрзо решавање на потенцијалните здравствени предизвици со кои се соочува современиот човек.

За да ги задоволи побарувањата на потрошувачите во Македонија, веледрогеријата на Синцеритас нуди повеќе тестови за брзо и веродостојно самотестирање во домашни услови од германскиот производител NanoRepro (наменети за превентивна здравствена заштита, семејно планирање, како и нетoлеранција на храна, алергии и други заразни болести):

GlutenCHECK© • Брз тест за откривање нетолеранција на глутен

Нетолеранција на глутен (Целијачна болест), позната како спру кај возрасните, е автоимуно нарушување на тенкото црево кога имуниот систем ги напаѓа ткивата на сопственото тело.

Вообичаените симптоми на глутенска нетолеранција вклучуваат подуеност и дијареа предизвикани од реакција на глутенски протеин содржан во многу прехрамбени продукти. И следниве симптоми можат да бидат знак за глутенска нетолеранција: загуба на тежина, неухранетост, нарушувања на кожата.

GlutenCHECK© како имуно-хроматографски брз тест го открива присуството на анти-tTG IgA антитела во крвта, односно - тестот е наменет да открие глутенска нетолеранција.

Резултатот од тестот мора да биде потврден од страна на лекар со дополнителна препорака за одржување безглутенска диета.

Heli-C-CHECK© • Брз тест за откривање присуство на антитела против Helicobacter Pylori во желудникот

Најчестата причина за болно воспалување на слузницата на желудникот пропратено со гадење и непријатност во стомакот e бактеријата наречена Хеликобактер пилори.

Хроничното воспалување во желудникот (гастритис) може да има и дополнителни последици. Исто така, Хеликобактер пилори може да придонесе за развој на болести како што се чирови во желудникот и лимфом (вид на канцер).

Heli-C CHECK© е брз тест за домашна употреба за откривање присуството на антитела против Хеликобактер пилори во крвта - наменет да помогне во откривањето на инфекцијата со Хеликобактер пилори.

За да добиете дефинитивна дијагноза, Ве молиме консултирајте се со лекар.

TSH CHECK© • Брз тест за откривање хипотироидизам

Тироидната жлезда има суштинска улога во контролата на метаболизмот. Поради тоа, нејзините нарушувања може да влијаат врз целото тело.

За да се открие хипер- или хипотироидизам, особено нивото на тиротропин, сигурен индикатор е стимулирачкиот хормон (ТЅН) на тироидната жлезда. ТЅН се лачи од хипофизата и ја стимулира тироидната жлезда да ги произведува хормоните Т3 и Т4.

Кога концентрацијата на тироидните хормони Т3 и Т4 се намалува, тогаш расте нивото на ТЅН.

Симптомите на тироидна хипофункција, меѓу другото, вклучуваат и: замор, безволност, чувство на студ, болки во мускулите, и зголемување на телесната тежина.

Како имунохроматографски брз тест за самостојно тестирање, TSH CHECK© го открива покаченото ниво на ТЅН во примерок од крв.

Доколку тестот покаже позитивен резултат, може да се претпостави дека концентрацијата на ТЅН е над нормалните вредности што е индикација за тироидна хипофункција.

Дефинитивната дијагноза треба да биде потврдена од лекар.

MenoQUICK© •  Брз тест за откривање менопауза

MenoQUICK© е квалитативен тест за домашна употреба за откривање на статусот на менопауза со 99,9% точност. Тестот ја мери концентрацијата на фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH) во урината и покажува дали жената влегла во менопауза или не.

Доколку тестот е позитивен, можете да ги преземете неопходните чекори за да останете здрави и да ги намалите здравствените ризици поврзани со менопаузата, како што се: остеопороза, хипертензија или  покачен холестерол во крвта.

VagiQUICK© • Брз тест за откривање Candida во вагинален секрет

VagiQUICK© е квалитативен брз дијагностички тест дизајниран за откривање антигени на Candida во примерок од вагинален секрет. Со помош на тестот, жените можат брзо и лесно да откријат дали имаат вагинална габична инфекција.

Комплетот е наменет за употреба кај жени коишто страдаат од вагинални симптоми како што се: акутно чешање; вагинален исцедок, болка, иритација; oсип на надворешните усни на вагината; генитално печење што се зголемува при мокрење.

 FertiQUICK© • Брз тест за одредување концентрација на сперматозоиди во семена течност

FertiQUICK© е брз тест за домашна употреба за одредување на концентрацијата на сперматозоиди во семената течност. Самостојниот тест покажува дали бројот на сперматозоиди е во рамките на нормалните граници.

Тестот не ги детектира останатите фактори на плодност.

Пронајдете ја нашата понуда на веродостојни, брзи тестови во сите подобро снабдени аптеки низ државата.

Следете нè на Facebook & Instagram за новости околу производите, или посетете ја нашата веб страна sinceritas.mk