Брзи и евтини колачи за сечиј вкус

СОСТОЈКИ:

3 белки 

300 гр. шеќер во прав 

300 гр. мелени ореви 

2-3 капки оцет 

сок од лимон 

1 лажица брашно

ФИЛ:

3 жолчки 

1 лажица шеќер 

120 гр. брашно 

5 дл. млеко 

1 маргарин 

150 гр. шеќер во прав 

чоколадо

ПОДГОТОВКА:

Се матат три белки со 300 грама шеќер во прав во цврст снег, па се додаваат мелените ореви и малку оцет и лимонов сок. 

Се става и една лажица брашно и се става смесата во шприц, па се прават форки како за индијанки или еклери, односно стапчиња, во подмачкан плех. 

Се печат 25 минути на 180 степени. 

За фил се матат жолчки со шеќер и брашно, се ставаат во млекото да зовријат, па се лади и се додава маргарин со шеќер во прав. 

Се става во шприц смесата и се става врз стапчињата, па се става и чоколадо растопено за декорација.